Практично користење на просторот во домот

0

Без разлика во колкава квадратура живеете, ако имате премногу складирани работи на погрешно место, сето тоа ќе изгледа како магацин. Паметно искористете го просторот во домот преку неколку едноставни предлози.

Висечки полици за чевли

k2-_6f5872a1-ebf0-434a-8028-a1755279d939.v1.jpg-32ceb9fabe679bfc9493f4e662b7f6e9facd514a-optim-450x450

Чевлите кои стојат расфлани на влезот од вратата даваат лош впечаток на неуредност и пренатрупан простор.Ова може да се избегене со вградување на плакар каде ќе има висечки полици за чевлите или пак можете засебно да ги поставите полиците на слободниот ѕид во ходникот.

Агол за опуштање

comfortable-window-seat-set-light-reading-corner-1-968

Ако имате ѕид со големи прозори или повеќе мали прозори, направете го ваше катче за опуштање. Во висина на прозорот поставете вертикален плакар со капак одозгора на кој ќе ставите перници или мека подлога. Добивате место со природна светлина за читање и одмор, а исто така додаден простор за работите по дома.

Полици од под до таван

15fbd4fc322856310b321ed8f2cb172d70cc8db3_m

Што ќе ставите на нив е ваш избор. Важно е дека може да ги искористите за многу предмети, меѓу другото и книги, кои ќе бидат транпарентни бидејќи ќе се наоѓаат во дневната соба.Изберете внимателно како ќе ги украсите бидејќи не сакате и тие да изгледаат натрупано.

Простор под скали

335a0c530c215794937ec763d270027c

Ако имате во домот скали за горен акт, тогаш затворете го просторот под нив и направете го уште еден плакар од корист.

Телевизор на ѕид

LCD-Television-wall-mounted-decorating-style

Со ова добивате голема заштеда на простор бидејќи ако телевизорот е на ѕид, нема да имате потреба од додатен мебел како комода и слично.

Плакар под кревет

police-ispod-stuba-i-klupa-kod-prozora-stede-prostor-u-domu-504x335-20121040-20121003142253-d090c8cc863ac3c85c367d317fbfa5e3

Дали е за вас или вашите деца не е важно бидејќи секако дополнителниот простор е од помош. Денес, постојат кревети кои фабрички се продаваат со празен простор под нив, така што имате готово решение.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.