Практични намени на пудрата за деца

0

Без разлика на тоа дали дома имате бебе или не, секогаш треба да имате бебешка пудра. Освен за нега на детската чувствитела кожа, таа има и неколку други намени кои се практични и ќе ви го олеснат животот.

Ако пред нанесувањето на маскара, со помош на мала четка ставите малку пудра на вашите трепки тие ќе бидат побујни.

Книгите кои биле изложени на влага и на забот на времето само посипете ги со малку бебешка пудра и оставете ги неколку дена на суво место. бебешката пудра ја упива влагата, па за неколку дена вашите стари книги ќе бидат како нови.

Мало паковање на бебешка пудра нека биде секогаш со вас. Кога и да направите флека од масло на вашата облека, посипете ја со пудра.

За да се ослободите од непријатниот мирис во патиките или чевлите, ставете во нив пудра и оставете ги да отстојат неколку часа на ладно место.

Бебешката пудра е одлична замена во моментот кога сфаќате дека вашата пудра во прав или камена пудра се потрошила.

Доколку немате време да ја измиете косата, само втријте малку бебешка пудра во корените. Внимавајте само на количеството кое ќе го втриете за да не останат бели дамки.

Ако ви се заплетка некое синџирче од ѓердан или белегзија, само посипете го со пудра и гледајте колку е забавно да отплеткувате.

За да го намалите црвенилото после депилација, само ставете бебешка пудра на вашето тело.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот