Практични начини за заштита на вашето куче во зимската сезона

0

Зимската сезона е тешка за миленичињата бидејќи одредени раси не се навикнати на температурите под нулата. Ако сте сопственик на куче потребно е да знаете неколку практични начини како да го заштитите од долгата зима:

Знајте ја температурната толеранција на вашето куче

Некои видови на кучиња не се толку подложни на ладното време како другите. На пример, сибирските хаски, маламутите, чау-чау и слични раси можат да преживеат и во најсуровата зима. Но, расите како доберман и останатите со крзно од кратко влакно бараат повеќе грижа.

Не оставајте го кучето надвор

Ова не ни треба да ви го кажеме. Знаете дека во текот на зимата, местото на кучето не е надвор, туку во затоплен и затворен простор. Затоа ограничете им го движењето на отворено за време на зимата.
Ако го чувате во кучешка куќичка, погрижете се да нема дупки низ кои му влегува дожд, снег и провев.

Одржувајте ја температурата во домот

За да го одржите домот топол и удобен, погрижете се секогаш да е сув, особено ако вашето куче поголем дел од времето е на подот. Исто така, подот треба да ви е загреан или барем покриен со тепих или черга за кучето. Ако кучето е старо и со артритис, постојат кучешки кревтчиња кои се загреваат за полесно да ја помине зимата.

Тимарење на миленикот

Не кратете им го крзното на вашите миленици пред зимската сезона. Тоа им е првата заштита од ладното време. Без крзно тие многу тешко ќе ја одржат температурата сами. Исто така, не бањајте ги често во зима, Но, ако сепак мора се избања, правете го тоа дома со топла вода и сосема исушете го пред да го изнесете надвор.

kuche2