Парга, убавицата со италијански шмек

0

Парга е мало гратче на брегот на Јонско море и Епир, помеѓу Превеза и Игуменица.

Шармантната Парга е една од најубавите градови во Грција, кој ќе ве натера да се чувствувате како да се наоѓате во некој од главните градови на грчките острови. Во Парга се наоѓаат и едни од најчистите и најзачуваните плажи во цела Грција.

valtos2

Поради специфичната положба Парга во минатото била мета на многу освојувачи – Венецијанците, Французите и секако Турците. Парга денес брои неколку илјади жители, кои се занимаваат најчесто со туризам и секоја година ги дочекуваат туристите од западна Европа.

Туристите кои имаат желба за истражување и разгледување, ќе се вљубат во прекрасната Парга, која располага со многу историски градби и антички места кои пленат со својата мистичност.

Ако ја посетите Парга, не смеете да ги пропуштите и малите острови Паксос и Антипаксос. Можноста да се искапите на прекрасните и пусти плажи на малиот остров Антипаксос или пак да ги посетите сините морски пештери под карпите на Паксос е несекојдневно доживување. Доколку во мирните и чисти води на Паксос успеете да сретнете и делфини, ќе бидете и најпријатно изненадени од посетата.

Замокот на Парга се наоѓа на врвот од рид кој има поглед кон градот. Од замокот има поглед кон Парга кој е неверојатен. Овој замок првобитно бил изграден во XI век од локалните жители на Парга, со цел да го заштитат нивниот град од пиратите.

alipasha

Секако, туристите во Парга доаѓаат поради убавите и мирни плажи кои релаксираат и ги полнат батериите на посетителите.

Валтос е долга и песочна плажа, една од најпопуларните меѓу туристите. Погледот во кој посетителите може да уживаат е уникатен, на левата страна тврдината, а на десната страна островите Паксос и Антипаксос. Валтос се наоѓа на 2 км од градот.

Крионери или гратската плажа во Парга се наоѓа на само неколку метри од центарот на градот. На плажата внимание привлекува и островот посветен на Богородица. До островчето се стигнува со педалинка, бротче или за оние похрабрите – со пливање.

Писо Крионери е плажа која се наоѓа веднаш веднаш до Крионери. На карпите околу плажата се наоѓа црквата наречена Св.Атанасиос која вреди да ја посетите.

Лихнос е одалечена 5 километри јужно од Парга. Во близина на оваа плажа се наоѓа пештерата посветена на божицата Афродита која е на 5 мин пешачење од плажата.

Саракинико е една од најубавите плажи во Парга. Дел е песочна а дел со каменчиња, но водата е кристално чиста.

Погледнете ја галеријата и уживајте во убавините на Парга.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар