Прага: градот со 100 кули

0

Прага се смета за еден од најубавите градови во Европа. Историскиот центар на градот со уникатната панорама на Прашкиот замок (Прашки град) е заштитен како светско културно наследство од страна на УНЕСКО.

Официјалното име на Прага е дадено во 1920 г., а потекнува уште од 1784 г. Традициално е изведено од зборот „праг“. Историчарите велат дека во срцето на градот, реката имала праг, кој се наоѓа приближно на местото кај што се наоѓа Карловиот мост денес. Прага е вредна за посета во кое било годишно време за да уживате во приказните и легендите кои ги крие градот. Има и уште неколку работи кои не сте ги знаеле за овој магичен град.

800px-Praha_Narodni_divadlo

Во Прага се наоѓа најголемиот замок во светот. Познатиот замок бил дом на чешкиот крал, претседателот, дури и на Римскиот Император. Комплексот на замокот зафаќа преку 7 хектари земјиште, што го прави најголем ваков комплекс во светот.

Во 1951 година докторот Јарослав Скала ја организирал првата „станица за трезнење“ во Прага. Неговите третмани се базирале на: рутина, општествена работа, спорт и пеење антиалкохолни песни.

Во Чешка и особено во Прага има најголем број обележани пешачки патеки во светот. Од 2002 година па наваму, во Чешка има преку 40.000 километри вакви патеки.

800px-Prague_old_town_square_panorama

Прага е светскиот главен град на пивото. Огромниот број туристи трошат илјадници тони пиво, а секој жител на Чешка пие по 163 литри пиво годишно, што е најмногу во светот.

Градот Прага има повеќе прекари, меѓу кои: Градот на 100 кули, Златна Прага, Магичната Прага, Срцето на Европа итн.

498_prague20150803

Прага е позната по практикувањето алхемија во средниот век. „Магионичарите“ кои претварале минерали во злато, го докажувале својот статус во општеството кога властите ќе им одобреле државно финансирање.

Во Прага има голем број приватни и државни универзитети, а можеби најпознат е Карловиот универзитет, основан во 1348 година од Императорот Карло IV. Оваа образовна институција има исклучително ригорозен процес на селекција (1 во 400 апликанти добиваат можност да студираат).

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар