Познати Холивудски сингл татковци

0

Овие фраери нè забавуваат на малите екрани, но во вистинскиот живот имаат уште потешка работа – да се грижат за своите деца без партнер. Овие познати татковци имаат полни раце работа и надвор од студиото, да воспитуваат и негуваат дечиња, како и другите сингл татковци низ светот. Да видиме кои од нив се најзгодните и најпосакуваните сингл татковци во Холивуд:

Johnny Depp

Иако од неодамна не е повеќе сингл, Johnny важи за еден од насексапилните татковци во Холивуд. Него го знаеме по неконвенционалните филмски улоги, но тој во реалниот живот е сосема вообичаен татко на своите две деца од бракот со Vanessa Paradis, Jack и Lily-Rose.

depp
Tom Cruise

По разводот со Katie Holmes, Tom е повторно сингл татко. Тој е веќе татко со полно работно време на Isabella и Connor, посвоените деца со Nicole Kidman. Сега се грижи и за малата Suri од бракот со Katie.

tom-cruise-suri-467
Liam Neeson

Никој не е посовршен татко од тој што го игра Liam Neeson во филмот ‘Taken’. Но, неговата родителска грижа е слична и во реалниот живот – по смртта на сопругата во несреќен случај при скијање, тој самостојно се грижи за неговите синови Michael и Daniel.

liam-neeson-600
Ricky Martin

Во април 2008 година, Ricky навлезе во семејните води со добивањето на неговите близнаци од сурогат мајка, Valentino и Matteo. Оттогаш е комплетно посветен на синовите, велејќи дека не постои поголема безусловна љубов од таа што ја чувствува кон нив.

2732D15E00000578-0-_Their_playground_is_backstage_Ricky_Martin_says_his_twin_sons_M-a-58_1427898621030
Collin Farrell

Ирскиот актер е познат по својот имиџ на лошо момче, но тој е многу сериозен и посветен кога се работи за неговата улога на татко. Тој, покрај неговиот натрупан работен распоред, се труди секогаш да присутен за неговите синови Jimmy и Henry. Тој толку е навлезен во татковската улога, што сега е гласноговорник за ретката генетска болест Ангелман Синдром, од кој пати неговиот син Jimmy. Тој се труди да ја зголеми свеста за оваа болест за да им се олесни животот на сите кои боледуваат од истата болест како неговиот син.

Colin+Farrell+James+Farrell+Colin+Farrell+alavDeBpVnIl