Повита… пониска… која облека ви одговара најмногу?

0

Облеката има големо влијание на тоа како изгледате. Ама не секогаш истиот тип облека одговара на сите луѓе. Токму затоа не треба да ги земате здраво за готово советите за тоа како треба да се облекувате.

Во црна, воопшто во темна облека ќе изгледате повито. Или во облека во вертикални линии. Ама, што ако не сакате темни бои? Или ако вертикалните линии ве асоцираат на затворска униформа, или на пижамите што ги носел вашиот покоен дедо, кого многу го сакавте, па сигурна сте дека повеќе ќе личите на него отколку на жена што делува привлечно… Што ако сакате силни, ведри, дречливи бои?

Во тиркизниот фустан, заради крупната градба, некому можеби му делувате како кит во тиркизно, иако фустанот ви е прекрасен, вие сте насмеана и среќна. И зошто тогаш да не ја носите? Или капри панталоните што ги обожавате, а заради кои делувате покуса? Сигурно не сакате да изгледате како џуџе, а сепак, нешто ве тера да ги носите секој ден. Мора ли да се откажете од нив ако не сте доволно висока? Секако дека не!

free-shipping-ed1509-short-sleeves-lace-fat-women-evening-dress-online-shopping

Првенствено мора да обрнете внимание на стилот. Дамата што е веќе баба и изгледа како баба, а се облекува како тинејџерка, ќе делува како личност со лош вкус. Или дамата која по секоја цена сака да се облече во нешто тесно додека вишокот „кипи“ на сите страни – исто така остава впечаток на жена без вкус. Ништо подобар не е ни впечатокот што го оставаат повозрасните жени чијашто облека одвај ги прекрива градите и интимните делови, а и тоа што е покриено наоѓа начин да „излезе“. Треба да се почитуваат правилата на добро и пристојно облекување. Мора!

Меѓутоа, ако облеката да ви е удобна и се чувствувате убаво во неа, ако не ги кршите правилата на добриот вкус, зошто да не облечете нешто што го сакате? Што ако некој мисли дека изгледате како вреќа во широките панталони? Удобни се, не се непристојни, убаво се чувствувате во нив… Облечете ги!

Една од првите работи кога ќе го купувате следното парче гардероба е да знаете дека ќе уживате додека го носите, независно дали се вклопува во правилата за „витка и висока“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар