“Поточиња 2019” на 30. и 31. март во Македонска опера и балет

0

Популарниот детски фестивал “Поточиња” по 16. пат ќе се одржи на 30. и 31. март 2019 година на сцената на Македонската опера и балет. Распеаните и разиграни учесници на публиката ќе претстават уште една нова фестивалска приказна исполнета со 15 нови детски песни.

Програмата ќе биде збогатена со специјално изработени анимирани цртани филмови соодветни за секоја тема од песните кои ќе бидат изведени.

Домаќин на публиката и оваа година ќе биде актерот Мартин Јорданоски кој ќе ги води дечињата низ приказната на Поточиња во улогата на маскотата Поки.

Од организаторот, Пап продукција, информираат дека сѐ е подготвено за уште една голема детска забава и дека на репертоарот се закажани шест претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.

Билетите по цена од 250 денари може да се набават во Југотон, Билетарата на МОБ и онлајн на www.jugoton.mk и www.babyshop.mk.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.