Постојат 3 типа на луѓе кои доцнат – на кој припаѓате вие?

0

Се проценува дека Соединетите Американски Држави на годишно ниво заради доцнење на луѓето губат по 90 милијарди долари. Која е психолошката позадина на сето ова?

Сколоноста кон доцнењето е веројатно најнепосакуваното човечко однесување во светот на бизнисот. Појава која е постојано присутна и за која се уште има висок праг на толеранција.

Никој не сака да чека, затоа реакцијата на тој што чека секогаш е проследена со нервоза заради непочитување на неговото време.

Луѓето кои секогаш доцнат се сметаат за неодговорни и безобѕирни бидејќи намерно или свесно прават нешто што ги фрустрира другите.

На оваа тема, последниве години се направени сериозни истражувања за проблемот – се проценува дека помеѓу 15 и 20 проценти од луѓето во светот постојано доцнат.

Верувањата кои се врежани кај луѓето во однос на психолошката позадина на овој проблем се дека станува збор за пасивна агресија, односно дека доцнењето е индиректен начин некого да повредите или казните. Уште едно од верувањата е дека луѓето кои ја имаат оваа карактеристика едноставно немаат почитување за другите, сеедно им е што чекаат. Однесување кое е стигнато до таа мера што бара преземање на корективни мерки.

Новите истражувања покажуваат дека има надеж бидејќи луѓето кои доцнат се обидуваат да го сменат тоа, само за да не трпат санкции отпосле.

Неколку автори се занимавале со проблематиката на костантно доцнење за да ја дознаат целта на ова нефункционално однесување и како тоа може да се промени.

Професорот по психологија од Сан Диего, Џеф Конте по повеќегодишна работа и истражувања дошол до заклучок за карактерот на луѓето кои доцнат: тој смета дека таа карактеристика е длабоко врежана во нив, а доцнењето како навика е последица на тоа.

Други резултати пак покажуваат дека и мултитаскингот има врска со оваа навика, односно дека тоа е повеќе маана, отколку доблест. Професорите Санбонмак и Стрејер од Јута, САД, дошле до резултати дека луѓето кои прават повеќе работи во исто време, развиваат кај себе и други особини, имаат изразена импулсивност, стануваат нервозни и лошо се однесуваат, промени кои директно влијаат на создавње навика за доцнење, од едноставна причина што не е возможно да се постигне се на време.

Постојат 3 типа на луѓе кои доцнат:

-Креативци, тоа се луѓе со најинтензивни емотивни реакции и се водат според нив. Кога личноста нема точно да го испланира времето, нивните чувства стануваат толку силни, тие почнуваат да ги потиснуваат што предизвикува промена на друго поле. Ќе задоцнат да, меѓутоа позитивното е што креативците се свесни и се обидуваат да го променат тоа.

-“Треба да” луѓето – личности кои тврдоглаво очекуваат светот да функционира по нивната ментална матрица. Нивните нереални очекувања ги тераат да доцнат и да не можат да го пресметаат времето на вистински начин.

-Господари – Овие личности очекуваат сами да ги контролираат работите за да може се да фунцкионира совршено, очекуваат светот да се адаптира на нивните желби, а не тие на случувањата околу нив.

Во која и група да се препознаете, важно е да се запамети дека доцнењето е навика која треба да се искорени или да се намали целосно, бидејќи влијае на сите кои се дел од вашиот живот. Почитувајте го туѓото време, за да можат и другите да го почитуваат вашето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.