“Постојат два типа жени, тие кои сакаат моќ во светот и тие кои сакаат моќ во спалната соба“ – Џеки Кенеди

0

Џеки Кенеди беше сопруга на 35 претседател на Соединетите Американски Држави, Џон Ф. Кенеди. Светот ја запозна како тивка и симпатична девојка, која со текот на времето прерасна во жена, дама за почит која ги предводеше сите модни трендови преку сеприсутниот стил, елеганција и грациозност. Но, не е само чувството за мода тоа кое што ја правеше посебна. Таа се памети по нејзиниот придонес кон уметностите и зачувувањето на историската архитектура.

Жаклин Ли Бувие е родена во Саутемптон, Њујорк, во семејство на трговскиот посредник на стока Џон Вернон Бувие и Џенет Нортон Ли. Семејството на нејзината мајка има ирско потекло, а нејзиниот татко потекнува од француско – англиско семејство. Таа има факултетска диплома по уметности во француската литература. Во мај 1952 година се запознала со нејзиниот иден сопруг, Џон Кенеди. Набрзо потоа почнале да се гледаат, а свадбата ја направиле на 12 септември 1953 година. Јавноста низ годините беше запознаена со животните тешкотии низ кои помина Првата дама, а сепак успеа да ги преживее и да продолжи понатаму. Почнувајќи од неверствата на сопругот, а завршувајќи со смртта на нејзините деца. 

540fe67ecd403_-_jackie-o_vert_pearls-lg (2)

Неколку цитати од неа останеле запаметени на кои се потсетуваме денеска:

  • Бисерите се секогаш соодветни како моден додаток.
  • Постојат многу начини да го зголемите знаењето на вашето дете. Љубовта кон книгите е најдобриот начин за тоа.
  • Јас секогаш сакам да добијам минимум информации со максимум љубезност.
  • Еден маж може да ја направи промената. На жената е одлуката дали ќе ја испроба.

jackie-kennedy-best-looks-03_133431242316

  • Јас сум жена пред сè.

  • Кога ќе најдете начин да се изразите себеси, тогаш ќе можете да му кажете на светот што навистина сакате. ..Сите промени во светот настанале прво преку експресијата на зборови.

  • Постојат два типа жени, тие кои сакаат моќ во светот и тие кои сакаат моќ во спалната соба.

  • Децата беа најубавиот подарок за мене и јас сум благодарна што успеав да го видам светот уште еднаш, овојпат преку нивните очи.

  • Јас сакам да го живеам сопствениот живот, не да го снимам.
  • Не постојат мажи кои се верни на нивните сопруги.

  • Ниту еден човек не треба да дозволи да биде совладан од тагата.

Wedding - JBK formal portrait

slikaJackie-Kennedy-18jackie-kennedy-enervating-hd-wallpaper0b6bef5d_thumb.xxxlarge (1)

 

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.