Постои боја која прави да се чувствуваме лошо

0

Боите имаат големо влијание на нашето расположение и на нашите сетила. И додека некои нијанси можат да го подобрат нашето расположение, да ни отворат апетит или да нè направат попривлечни, постојат и бои кои може да предизвикаат сосема спротивен ефект.

Бојата која прави да се чувствуваме лошо е зелено-кафената нијанса, комбинација од темно маслинеста и каки нијанса која од експертите на компанијата Пантон доби епитети како боја на валкана површина, боја на талог и мочуриште…

uglypantone

Сепак, иако оваа боја ја доби титулата „најгрда“ таа може да биде од корист. Експертите за бои сметаат дека доколку оваа боја се најде на амбалажите за цигари, пушачите би го намалиле бројот на испушени цигари бидејќи токму бојата чиј официјален назив е Pantone opaque couché 448C ќе ги прави да се чувствуваат лошо секој пат кога ќе ја погледант пакетата со цигари што значи дека и автоматски ќе ги избегнуваат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот