Постои апликација која ги спречува децата да ги игнорираат пораките од нивните родители

0

Британецот Ник Херберт смислил и креирал апликација „ReplyASAP“ која автоматски го заклучува мобилниот телефон на децата се додека не одговорат на пораките од нивните родители.

На оваа идеја го навел неговиот син Бен, кој својот телефон постојано го ставал на безвучно ѕвонење, со што намерно ги игнорирал пораките на својот татко.

Херберт барал апликација која би влијаела на безвучното ѕвонење и би го привлекла вниманието на неговиот син. Кога не успеал во неговата потрага, одлучил да креира сопствена апликација.

За да биде функционална оваа апликација таа треба да биде инсталирана на телефонот на испраќачот како и примачот на пораки. Со отворање на оваа апликација корисникот може да напише порака и истата да ја испрати.
По примање на пораката се вклучува гласен аларм, а апликацијата автоматски го заклучува екранот се додека оној кој ја примил пораката не прати повратен одговор.

Самата апликација како и праќањето пораки преку неа е бесплатно само доколку се користи со една личност, ако сакате да ја користите во комуникација со повеќе личности тогаш таа се наплаќа.

„ReplyASAP“ засега е достапна само за Андроид платформата.

Извор: Б92

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.