Постигнете го изгледот на Шарлиз Терон на доделувањето на Cinemacon Big Screen Achievement Awards

    0

    На доделувањето на Cinemacon Big Screen Achievement наградите, кое се случи на 4 април во Лас Вегас, Невада, актерката Шарлиз Терон изгледаше прекрасно и впечатливо.

    За нејзиниот изглед, Сабрина Бедрани рече:

    „Шарлиз носеше црн вечерен фустан, косата и беше уредно собрана во пунџа, а благодарение на тоа лицето и беше целосно отворено. Сакав да ги истакнам нејзините очи и да додадам малку боја која ќе го осветли лицето, а сепак ќе помогне да се зачува свежиот изглед.

     

    Што се однесува до тенот, прво ја подготвив кожата со Dior Capture Youth Skin Effect Enzyme Solution Age-Delay Resurfacing Water, а потоа нанесов Dior Capture Dreamskin. Веднаш потоа преминав кон изедначување на тенот со Dior Forever Skin Glow #2N и Diorskin Forever Undercover Concealer #20 Light Beige.

     

    За да ги истакнам и разубавам очите, искористив Dior 5 Couleurs #087 Volcanic, нежно портокалова нијанса на сенка како основа на целиот капак, а потоа бакарно кафена за надворешниот агол на окото.

     

     

     

     

     

     

    За истакнување на горниот дел на трепките, користев Diorshow Maximizer 3D и Diorshow Mascara #090 Pro Black.

    Сакав да ги истакнам усните на природен начин, така што одбрав Rouge Dior Ultra Rouge #777 Ultra Sta.

    При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот