ПОСТЕЛНИНА ШТО ЌЕ ЈА РАЗУБАВИ СЕКОЈА СПАЛНА СОБА!

0

Без разлика дали сакате еднобојна постелнина, риги или цветен дезен, апстрактни облици или наједноставни дезени, постелнината е делче од луксузот што треба да си го дозволите.

Кога ќе бирате каква постелнина да купите за вашата спална соба, проверете ги сите детали, бидејќи покрај дезенот и бојата, најважен е видот на ткаенината. Памукот е секогаш одличен избор, како и постелнината од сатен што има повеќе вертикални и хоризонтални влакна бидејќи овозможува исклучителна удобност и чувство како постелнината да го милува вашето тело во текот на ноќта.

Она што е своевидна комбинација од сите предноси на природните и синтетичките материјали е Good Morning/Night сетот полнет со 100% хипоалергени Wellsleep® микровлакна, што го прави прозрачен, давајќи чувство на свежина и удобност во текот на целата ноќ. Двете страни се многу пријатни на допир што овозможува максимален комфор и удобност.

 

Достапен во модерни и тренди комбинации како елегантно жолта, виолетова и беж боја, Good morning/night сетот јорган и перница е соодветен за секого, без оглед на положбата во кој спие. Висината и мекоста на перницата може да се регулира, што ја прави идеална за добар и примамлив одмор.

Освен што лесно се одржува, Good Morning/Night сетот има модерен дизајн и привлечно ткаење во форма на бранови на двете страни што совршено се вклопува во секоја спална соба.

 

Она што National Sleep Foundation го препорачува е постелнина во која ќе се чувстувтате пријатно во секое годишно време, а Good Morning/Night сетот е идеалниот избор и за зима и за лето.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.