Посреќни сме кога парите ги делиме со другите

0

Книгата на Елизабет Дан и Мајкал Нортон „Happy Money: The Science of Smarter Spending“, по многу години на квалитетно и квантитативно истражување објаснува како парите може да ја купат среќата, но само ако се потрошени на правилен начин.

Клучот е во следните 5 главни правила:

1. Купувајте искуство (нивните истражувања потврдуваат дека материјалните работи имаат помала вредност од одморите со пријатели или добрите концерти);

2. Ограничете го пристапот до омилените работи, тоа ќе ве натера повеќе да ги цените;

3. Купете време (фокусирањето на време наместо на пари, ќе направи правилно да вложувате);

4. Платете веднаш, уживајте подоцна (одложеното задоволството го зголемува уживањето);

5. Вложувајте во среќата на другите  трошењето на пари за другите нè прави посреќни);

На видеото може да ги погледнете емоционалните бенефиции на „купеното“ искуство. Во видеото, Нортон дели пари на две жени на плоштадот на Хардвард. Секоја од нив мора да ги потроши парите за некој друг.

„Во нашето истражување се потврдува дека кога на луѓето некој им дава пари тоа ги прави посреќни“ – вели професорот на универизтетот на Harvard Business School, Мајкл Нортон.

„Една причина повеќе е тоа што создава поблиска конекција помеѓу луѓето. Ако имаш убаво столче и голема куќа на остров само за тебе, нема да бидеш среќен зошто ти се потребни луѓе за да си среќен! Но, кога тоа што го имаш го споделуваш со другите создаваш припадност и комуникација со таа личност, а тие работи се навистина добри за градење на среќата.“- вели професорот.

Погледнете го видеото и дознајте како жените од плоштадот решија да ги инвестираат парите…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар