Посни енергетски колачиња

0

Денеска готвиме повторно посен рецепт, енергетски колачиња. Погледнете како се подготвуваат:

Подготовка

Чекор 1: Во сад за матење ги ставате овесните снегулки, две лажички сусам, масло за јадење – по желба, дехидрираната брусница, лажичка цимет, малку екстракт од ванила и 50гр темно чоколадо на парчиња.

Чекор 2: Исечкајте ги бадемите и додајте ги и нив во садот, како и прстофат сол за подобар вкус.

Во Делимано сецкото миксате 3 банани, ги додавате во смесата, потоа додавате 2 лажици мед и се заедно мешате додека не добиете хомогена смеса.

Чекор 3: Потоа формирате колачи, ги редите во плех за печење.

Печете на 180 степени, не повеќе од 20 минути. Внимавајте да не ги заборавите повеќе од 20 минути, лесно може да изгорат.

Чекор 4: Потоа сервирајте, со пијалок по желба, или прелиени со мед.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.