Последната сезона на “Game of Thrones” ќе задоцни

0

Доколку сте обожавател на серијата која ги сруши сите рекорди на гледаност, Game of Thrones, за жал, пристигнуваат лоши вести.

Седмата сезона која воедно ќе биде и последна од оваа сага, не само што ќе содржи и помалку епизоди, туку нема да започне со емитување во април 2017, кога сите ја очекувавме.

И сето тоа, поради една чудна причина, се чека зимата и првиот снег за екипата да застане на сетот. Продуцентите ја чекаат зимата да стигне во Дубровник за да може да започнат со снимање. Бидејќи до зимата уште многу, премиерата на првата епизода нема да биде идната пролет. Авторите на серијата Дејвид Бениоф и Ден Вајс потврдија дека следната сезона ќе доцни и дека премиерата веројатно ќе биде во втората половина од 2017 годинa, но дека се уште немаат точен датум.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар