Последен зимски ден, утре почнува пролетта

0

Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува утре во 17:15 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути,  а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.

На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде суво со умерен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 18 степени.

Пролетта ќе трае до 21 јуни во 11:07 часот кога календарски почнува летото.

Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 24 и 25 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.

Извор: mia.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

 

Остави коментар