Последен поздрав: Комеморацијата и погребот на Маринко Маџгаљ закажани за утре

0

Информацијата која викендов ја потресе српската, но и балканската јавност е прераната смрт на српскиот актер Маринко Maџгаљ. Тој по кратко боледување ја загуби битката со ракот на панкреас.

Комеморацијата ќе се одржи утре на Големата сцена на “Мира Траиловиќ” Атеље 212.

Погребот е закажан за истиот ден во 14:30.

Изминативе два дена пријателите и колегите му кажаа збогум секој на свој начин, со неверување и тага, преку социјалните мрежи и медиуми.

Големо актерско име замина во 37-мата година од животот. Нека почива во мир!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот