Последен повик на дивината – животинските видови изумираат

0

„Извештајот за живата планета 2016“ на Светската фондација за природата, вели дека до крајот на оваа деценија бројноста на различни видови растителен и животински свет би можел да се намали за дури 67%. Според него, бројот на популациите риби, птици, цицачи, водоземци и влекачи е помал за 58% во однос на 1970 година.

Ваков глобален тренд на изумирање на разните видови животни не е забележан во историјата. Главната причина за ова се човечките активности на планетата Земја. Затоа организацијата инсистира да се направат промени во глобалниот систем на производство на храна и енергија, а резултат на тоа би бил опстанокот на екосистемот во светот. Според нив, изумирањето на бројните видови животни и промената во растителниот свет влијаат негативно на екосистемот, односно нема да може да се обезбеди чиста вода, воздух, здрава храна и климатски услови какви што имаме денес.

2a8bb68600000578-0-image-a-43_1436973510298

На оваа листа се наоѓа и последниот мажјак од видот Бел носорог кој живее во Судан. Додека се обидуваат да најдат женка со која би се парел и би го продолжил овој животински вид, него го чува вооружена војска, во страв дека ловџиите или сафари авантуристите би можеле да го убијат.

Ова е навистина последен повик на дивината.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.