Последен рок за пријави – Showtime 2016

0

Ситно бориме до Showtime – првата конференција за евент индустријата во Македонија. (Последен рок за пријави – 07.06.2016!)

Подгответе се за шестте сесии кои на 10ти јуни ќе ги водат седум етаблирани спикери, од пет различни земји од Европа, во City Hall Center.

13313356_1471237446237418_682025314_o

Роб Дејвидсон (Велика Британија), Горазд Чад (Словенија), Мартијн Тимерманс (Холандија), Тим Корпорал (Холандија), Ева Пиперевска (Македонија), Љубомир Стојанов (Бугарија) и Деспина Козаровска (Македонија) се говорниците кои ќе го споделат своето интернационално искуство, ќе раскажат за своите најуспешни проекти преку интерактивни предавања.

“Audience engagement”, “How to organize meetings that rock” и “Events + Digital = It’s time to shine online!”, се само дел од темите кои се најавени за оваа конференција, а имаат за цел да и пренесат на публиката искуства, практични примери, најнови трендови и се’ она што е потребно за да се извлече најдоброто од вашите настани.

Темите за оваа конференција се внимателно одбрани, се со цел да допрат до пошироката публика. Без разлика дали станува збор за организирање на корпоративни или приватни настани, музички концерти, конференции, тренинзи, изложби, саеми или различни БТЛ активности, Showtime е конференција на која се добредојдени и професионалци и event- ентузијасти.

Ве потсетуваме дека пријавувањето за Showtime трае до 07.06.2016, па резервирајте го вашето место на време!

За повеќе информации следете нѐ на: Showtime, Facebook, Twitter