После Љубовникот, Правдата и Пустиникот на ред доаѓа Силата

0

Ја следевме судбината на јунакот за време на создавањето на неговото его, како Љубовник, ги впрегнавме коњите во Кочијата за да му најдеме место во светот на луѓето, се соочивме со проблемите на моралот востановени од страна на Правдата и му се обративме на Пустиникот барајќи духовно просветлување. Тркалото на среќата означи крај на овој циклус и најави нова фаза на свесноста. Преку неговото движење нашиот јунак ја доживеа промената. Оваа промена е опишана во картата Сила. Жената на картата не е ниту божица, ниту пак свето лице. Претставена е како обична жена во обид да припитоми лав. Нејзината сила се наоѓа во рацете кои без страв ги отвораат вилиците на лавот. Храброста и супериорноста на жената насликана на картата се апсолутно забележителни. Симболично говорејќи, човечката природа на нашиот јунак е веќе способна да се соочи со неговата анимална природа. Ако на инстинктите им дозволиме да се ослободат и да дејствуваат без ограничување, тие можат да се завртат против нас и да нѐ растргнат.

ПОРАКА: Оваа карта ве советува да ја развиете својата моќ за разбирање, водејќи се со својата интуиција. Не се исклучува препреките кои се нашле на нашиот пат да не се толку сериозни како што ни изгледа. На ваша страна е духовната сила, па затоа ослободете се од небулозните грижи и одлучно стапете во акција.

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.