Посетете ја Шапка во лето

0
фото: http://sumarite.blogspot.com/2018/02/blog-post_26.html

Попова Шапка, место од нашето детство кое што го посетувавме најчесто во зима, а таа пракса продолжи и денес.

Навистина, Шапка е преубава во зима, но свежината и зеленилото во летните денови се токму тоа што ни треба да се разладиме од високите температури.

фото: интернет

Има некоја посебна убавина Шара во летниот период. За неколку степени е посвежо, а чистиот воздух дозволува да уживаш надвор на отворено во текот на целиот ден.

Се наоѓа на 18 километри од Тетово и 58 киломeтри од Скопје, дестинација која можете да ја посетите на еден ден.

фото: интернет

Прошетајте по патеките низ планината, побарајте ги планинските извори, реките Пена,Вардар, Боговињска, Камењанска,Ракита, Вруточка, Врапчишка,Голема  Маздрача, Лешочка, Беловишка, Плавска,Љубинска Растеличка.Шарштица, Петроштица, Темишница, Речичка, Поројска, Јажинска Слапска (Смрека) ,Езерска… седнете под високите букови дрва, исклучите ги дигиталните апарати со вас и едноставно уживајте. На Шапка имате одличен поглед, отворен кон соседните планини Јакупица и Солунска Глава (2540 м), а во подножјето се наоѓа Полошката Котлина.

На враќање, не заборавајте да поминете во еден од рестораните кои имаат најубав поглед кон Шара – Електра Гарден во тетовска Брвеница. Тука, можете да се одморите, да јадете и да го завршите денот со комплетно уживање.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот