Португалија, земјата со блага клима и многу сончеви денови

0

Во тесните, трошни и шармантни улици во португалските градови, понекогаш изгледа како времето да застанало, секако во позитивна смисла.  Без разлика дали седите во некој од рестораните или јадете костени или се возите во трамвај – ќе бидете опиени од атмосферата на препознатливата фадо бохемија.

14620076_10211351706736248_1334201337_n

Како што некогаш се зборувало за храбрите морепловци, како Магелан и визионерските бродски капетани кои пловеле по Атлантикот и Северното море,така денес во оваа земја бројните споменици ја раскажуваат историјата.

4

Португалија е иделна дестинација за луѓето кои не ги сакаат наметливите продавачи, уличната врева и забрзаното темпо на западниот живот, а фактот дека во текот на зимата е благословена со блага клима и сончеви денови, се чини дека градовите во оваа земја се едни од најпосакуваните за земји како нашата кога во зимските денови температурите се спуштаат под нулата.

3

 

Центарот на Португалија, Лисабон, фасцинира со својата историја и уникатен карактер кој се чувствува во секој негов агол. Овој град не може, а да не ви измами насмевка на лицето. Тука живее 2000 години стара култура и затоа списокот на места кои треба да ги посетите е многу долг. Одвојте повеќе денови од одморот за да ја прошетате Португалија.

1

Најголем фаворит на туристите е Порто. Прекрасен град со атрактивни градби и положба. Се наоѓа помеѓу океан и река. Целиот град е на ридишта, има  мост кој е конструиран од фирмата Ајфел поврзан е со малото гратче Гаиа од каде всушност доаѓа познатото Порт Вино. Цените не се високи како на други места и не е толку комерцијализиран.

2

Менталитетот е сличен на нашиот, луѓето се топли и гостопримливи и секогаш расположени да раскажат нешто повеќе за нивната култура и историја.

Земја во која ќе сакате да се вратите уште еднаш.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.