Портрети кои го критикуваат поимот за убавина

0

Комбинацијата од бела и црна боја секогаш изгледа добро, а ако се искомбинира со неонски детали изгледа уште подобро…

Тоа ни го покажува и серијата портрети насловенa како Blindness Light на шпанскиот визуелен уметник, Хавиер Мартина. На својот уметнички пат, а особено во оваа колекција на портрети, Хавиер ги истражува, но и критикува современите стандарди за убавина.

Овој шпански уметник во колекцијата Blindness Light, вниманието го насочува кон современите поими за она што е убаво, односно колективното и сеприсутното критикување на тие поими.

f6javiermartinblindnessthesecretloveyatzer_840_472

Неговите ни помалку, ни повеќе, гламурозни црно-бели портрети на жени се надополнети со неонски детали кои најчесто ги прекриваат очите на неговите модели и сето тоа со цел за да се потенцира колку денес општеството има површна перцепција за убавината.

Како свое главно оружје во борбата против таквата перцепција, Хавиер ги искористува фотографиите на жени од модната индустрија која има најголемо внимание врз нашата перцепција и дефиниција за убавината. Приказот на убавината во форма која ни се сервира секој ден преку медиумите и модните ревии, Хавиер го дополнува со светлечки неонски цевки кои за цел имаат да укажат на колективната слепост предизвикана од нашиот нескротлив консумеризам и развојот на технолгијата.

Резултатот на неговата уметничка идеја се елегантни и ефектни минималистички портрети со силна и храбра порака кои секој би ги посакал на ѕидовите во домот.

javiermartin-7-900x901_840_472 javiermartin-6-900x1092_840_472 javiermartin-5-900x903_840_472 javiermartin-4-900x900_840_472 javiermartin-2-900x1076_840_472 javiermartin-8-900x1081_840_472 javiermartin-0-900x1058_840_472 f8javiermartinblindnesslatempestadyatzer_840_472 f2javiermartinblindnessfalsefreedomyatzer_840_472

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар