Поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Хард има најубаво лице на светот

0

Лицето на Амбер Хард, со помош на современа техника за мапирање лица е утврдено дека е најблиску до древната формула за совршено лице.

Тоа го тврдат стручњаците за мапирање на лица. Лицето на актерката се согласува со 91,85 % со правилата на грчките стандарди за убавина, односно популарниот грчки сооднос за убавина кај жената, наречен Фи, кој 1000 години се сметал за формула за убавина според која се воделе луѓето. Тој ја претставувал совршената жена.

Лицето на Амбер Хард, со помош на современа техника за мапирање лица која ја тестирал еден од најдобрите естетски хирурзи во светот Хулијан де Силва, е утврдено дека е најблиску до древната формула за совршено лице.

Нејзините очи, веѓи, нос, брада, вилица и облик на лице биле се измерени и анализирани со помош на 12 маркери. Утврдено е дека во 92% влегува во грчките стандарди за идеална убавина.

amber-heard-banner

Покрај Амбер направиле и други мерења на познати лица и дошле до заклучок дека Ким Кардашијан е сопственичка на совршени веѓи, Скарлер Јохансон на очи, Ријана има совршен облик на лицето, Емили Ратајковски на устата,а Кејт Мос има совршено чело.

Така би изгледала отприлика совршената жена според древните грчки стандарди за убавина.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.