Поранешен затвор во Италија станува туристичка атракција

0

Горгона е место кое некогаш претставувало затвор во кој биле сместени околу 70 престапници, а островот го населувале уште приближно толку жители.

На затворениците им било дозволено слободно да шетаат по островот и да учествуваат во земјоделските активности, како што се берење малини и зеленчуци, и копање на билки, како и работа на виноградите, од кои се произведувало вино за семејството Фрескобалди повеќе од 700 години.

До сега, бројот на туристи бил ограничен, но од оваа година по прв пат туристите ќе можат непречено да ја посетат Горгона.
Секое утро во 7 и 45 минути, од копното ќе тргнува брод во кој ќе може да се сместат 75 туристи, и кој ќе се враќа на појдовната точка во 7 и 30 часот попладне.

На посетителите нема да им биде дозволено слободно да се движат на островот, туку ќе мораат да се држат со останатиот дел од групата, која ќе биде водена од професионален водич.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот