Поранешен министер од Владата на Србија денес е бездомник

0

Слободан Вуксановиќ, некогашен Министер за образование во владата на Воислав Коштуница, денес живее како бездомник.

Овој поранешен политичар и доктор на науки, откако бил отпуштен од работа и откако се развел, останал на улица.

Измрзнат на студот и гладен, пред неколку дена му пристапиле лекари дподека седел на клупа во парк. Дошле да му помогнат по претходна пријава од граѓани.

„Човекот беше во еден белградски парк, седеше на клупа среде ноќ на висока минусна температура. Беше изнемоштен, се тресеше од студ, на себе имаше само тенка јанка, а покрај него стоеше ранец. Некој минувач забележал човек кој неколку часа седи на истата клупа и решил тоа да до пријави на дежурната служба во најблиската здравствена ординација. Екипата стигнала за кратко време, утврдиле дека не е пијан, туку само многу слаб и изнемоштен. Воопшто не криел дека е регистриран бездомник, иако му било многу непријатно што морал да им го каже тоа. Нема документи, но им го кажал своето име и им рекол дека е поранешен министер и универзитетски професор. Им кажал дека од неодамна нема работа и дека се иселил од станот откако се развел од сопругата,“ раскажал изворот за Курир.рс

Лекарите се обиделе да му помогнат, но не сакал помош.

„Не личеше на себе. Беше многу запуштен. Молеше да не го водат во прифатилиште за бездомници каде што би можел да се искапе, да се стопли, да преноќи. И дал адреса каде да го одведат, а местото било вистинска шупа, но тој инсистирал да го остават таму. Не можеле да направат ништо повеќе, освен да ги почитуваат неговите желби“, додал истиот извор.

Извор: kurir.rs

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот