Понекогаш самотијата ни е најдобар пријател

0

Дали некогаш ви доаѓа да избегате од се, некаде каде што ќе бидете сами со себе, без да сакате да бидете сослушани и од најблиските? Тоа не треба да биде загрижувачко затоа што самотијата понекогаш може да ни биде најдобар слушател.

Во минатото човекот ретко се наоѓал во самотија отколку денес. Тоа било така бидејќи поединецот секогаш бил дел од големо семејство, широката црковна и државна организација и никогаш не се чувствувал осамено живеел со некого и умирал покрај некого во еден затворен систем.

Со текот на времето се менува т.е. подига свеста на индивидуата. Самотијата и осаменоста некогаш во минатото биле сфатени како едно исто или се изедначуваат, за подоцна да бидат разделени. Според психолозите самотијата преставува иманентна црта и период од животот, за разлика од осаменоста која што е психолошка состојба како последица од недостаток на љубов уште од раното детство.

Според психолозите самотијата треба да се сфати како позитивна црта преку која на човекот му се отвора патот кон сопствената длабочина во која влегува без страв и аверзија и се враќа духовно многу побогат во реалниот свет.

Не може да се замисли ниту еден креативен човек, а да не зборуваме за познати уметници, писатели или научници, кои понекогаш намерно бараат простор за да бидат сами. Во самотијата креативецот пообјективно се набљудува себе си, го набљудува општеството, себе си во него и над него. Самиот Гете кажува: Ако еднаш би можел да бидам вистински сам, никогаш нема да бидам осамен.

Автор: Марија Анѓелевска

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот