Понеделник- еднаш во седмицата

0

Понеделник е ден што најмалку го сакаме од сите останати денови во седмицата. Петок е ден кога се спремаме за викенд и за некое патување, но кога станува збор за Понеделник тогаш се почнува одново. Повторно алармот наместен за 6 часот наутро.

Да не споменуваме дека денеска пак одлично се чувствуваме бидејќи е неработен ден поради нашиот национален празник кој,  по некоја среќа се падна во Недела. Сигурно сите уживаме а одлична е и помислата дека токму оваа седмица брзо ќе пројде бидејќи веќе утре е Вторник.

За да не бидеме толку непријателски настроени околу Понеделник еве неколку интересни предлози што можеби ќе ни ја ублажат понеделничката „болка“.

1. Направете плеј листа со понеделнички песни
Овие песни се многубројни па нема да ви претставува проблем да најдете некоја од нив. „Manic Monday“ од групата Bangles, или пак „Monday Monday“ од The Mamas & The Papas се само едни од многуте.

il-est-temps-de-tout-connaitre

2. Додека пешачите или возите за накај вашето работно место пуштете ја вашата омилена песна или некоја што знаете дека ќе ве размрда и расположи;

3. Нема подобар начин да се насмеете понеделнички како што тоа може да го направи некој интересен клип. На Фејсбук постојано кружат многу, а само еден поглед е доволен да се расположите.

4. Почестете се со најубавата чоколадо. Ако веќе сте одлучиле понеделникот да биде ужасен за вас барем не доволувајте да ви „падне шеќерот“.

5. Кофеин. Не срамете се ако имате потреба од дупло кафе. Доколку сте личност што не пие кафе тогаш направите си зелен или црн чај,но запомнете што и да пиете нека тоа биде умерена температура бидејќи ако е многу топло ќе ве успие. А секако тоа „не го сакате“ на работното место.

cup-of-coffee-wallpaper-271

7. Излезете и прошетајте се надвор за време на пауза.
Сонце и свеж воздух е секогаш одлично за полнење на телото со нова свежа енергија. Ако надвор е многу ладно тогаш излезете само на неколку минути колку да го почувстувате свежиот воздух.

8. Испланирајте попладневно кафе или ручек со пријателите. Или пак одење во кино. Тоа ќе ве држи енергични во текот на денот бидејќи ќе знаете дека по работното време ќе се релаксирате со луѓето што ги сакате.

9. Појадувајте. Во ред е да внимавате на исхраната но да одбегнувате оброци особено појадок е без смисла. Да не расправаме колку  е важен особено ако е Понеделник. Омлет и мафин, како ви звучи ова?

10. Обидете се да правите нешто интересно само во Понеделник. Тоа може да биде одење во кино, театар, опера, средба со некоја пријателка и слично.

11. Запомнетe, Понеделникот е само еднаш во седмицата, како и секој друг ден.