Полесно е да се пати, отколку да се живее среќно?

0

Зошто сме несреќни, кои се препреките на патот кон среќата? Најпознатиот психолог од Русија, Михале Лабковски има неколку совети за нас.

  1. Не се плашете од среќата

    Голем број луѓе растат во семејства каде се практикува неуживање во животот и членовите немаат навика да зборуваат за убавите работи што им се случуваат во животот. Неспособноста на родителите да се радуваат во животот се пренесува и на децата. Почнуваме да се плашиме од чувството на задоволство и тоа се пренесува на сите следни поколенија.

  2. Престанете да се жалите

    Што очекувате кога зборувате за проблемите? Сакате да се жалите но свесни сте дека со тоа не можете да ги решите. Тоа е чудна навика кај луѓето, полесно е да се пати отколку да се живее среќно. Здравата личност ќе ја прифати ситуацијата и ќе се обиде да ја промени. Личноста која потенцијално може и физички да се разболи до срепен на невротичност, ќе сака да биде болна, бидејќи така ќе има повод да се жали. Тоа е скоро хоби, да се измисли проблем па да се пати од него.

  3. Разликувајте ги реалните проблеми од измислените.
  4. Не се обидувајте да помогнете на сите околу себе

    Желбата да се помогне е сосема нормална, но многу често е поврзана со стравот дали луѓете ќе ве сакаат онакви какви што сте, без да морате да се потрудите околу тоа. Затоа, помошта насочете ја онаму каде што треба, наместо кон ситуации каде реално и не е потребно да помагате.

  5. Разликувајте љубов од зависност

    Луѓето никогаш не го напуштаат она што го сакаат. На пример – цигарите. Јас пушев 37 години а последните 10 пушам по 3 кутии дневно. Еднаш, на забрана од доктор, престанав да пушам и тоа траеше еден час и 40 минути. Престанав да пушам тогаш кога реков дека не ги сакам цигарите повеќе, а не дека сум зависен од нив.

  6. Променете се себе, а не другите

    Како на пример односот со децата. Нив не можете да ги присилите да направат нешто што не сакаат. Децата го примаат она што го правите, не она што го зборувате.Значи, прво применете го она што сакате другите да го прават покрај вас.

  7. Правете го само она што сакате да го правите

    Чувството на должност да се направи нешто не е љубов, ниту среќа. Она што го правите секогаш мора да биде само затоа што сакате, а не затоа што сметате дека треба да се направи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.