Покажете ја хуманоста – згответе и споделете со оние кои немаат!

0

Колку пати сте ги одминале бездомниците кои немаат постојано живеалиште, впрочем немаат никакво живеалиште и живеат во несигурни и несоодветни услови? Без разлика поради кои причини, овие лица се и жртви на ваквата состојба.
Не дискриминирајте понудете ја вашата помош – тоа е клучот на хуманоста!

Не чекајте од нив да ја побараат вашата помош, не врете им ја главата, ослободете се од предрасудите и отворете го срцето. Ако сакаме промена во светот, тогаш таа промена треба да се случи пред се во нас самите.

Да се биде хуман, значи да се има желба и љубов да им се помогне на оние кои немаат или имаат помалку од нас и се социјално загрозени.

Убава вест е што некои бездомниците во светот, поточно Нотингем, Англија добиваат автомати со храна, што за жал кај нас се уште не е случај.

Во Македонија има околу 180 регистрирани лица како бездомни, а многу повеќе се неевидентирани.

Покрај Центарот за бездомници во Чичино Село и Пунктот за бездомници во Момин Поток, секој од нас има слобода и може да допринесе во подобрување на ваквата ситуација.

Имате стари парчиња облека што не ви служат – ДОНИРАЈТЕ.

Сакате да готвите – Споделувајте!

Колку често ви се случило да зготвите храна, а да не знаете што да правите со остатокот?

Овој викенд направете нешто поразлично. Секоја сабота со почеток од 13 часот, зад спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, неформалната граѓанска иницијатива Ретвитни Оброк готви храна за бездомници и социјално загрозени. Идејата е да се промовира солидарност, рециклирање на храна и освестување на секој човек во општеството да не фрла, туку да сподели со оној што нема. Секој кој сака да готви е добредојден!

Не вели „браво“ за оние кои се трудат да направат промена, донирај и ти, биди дел од промената!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.