Појадок во чаша одличен за вашето срце

0

Денеска денот го започнуваме со брз појадок кој е одличен за вашето срце!
Топ Шоп рецептот за денешното смути изгледа вака: ќељ, ананас, банана и спанаќ

Подгответе ги следните состојки:

1 среден/ ананас
1 шолја/ сварен спанаќ
1 банана
1 шолја/ Млеко

Ананас
Само неколку парчиња од освежителниот ананас ќе ви даде 76,5% од дневната препорачана доза на манган, неопходен минерал за создавање енергија и антиоксиданси. Ананасот содржи и витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот. Дополнително, ананасот го олеснува варењето на храната и има анти-воспалителни својства.

Банана
Бананите се лесни и содржат калиум, влакна, манган и витамин Ц, што ги прави одлични за децата. Тие ви помагаат полесно да заспиете, да го зајакнете имунитетот како и да го задржите калциумот во телото.

На здравје!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот