Поинакви идеи за украсување на велигденските јајца

0

Се наоѓаме на самиот праг пред најважниот верски празник во православниот календар Велигден. Христијанските верници на овој ден го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус кој е проследен со еден од најинтересните обичаи, а тоа е вапсувањето на јајца. Според традицијата кога се вапсуваат првите три јајца, првото јајце е посветено на Бога, второто на домаќинот на куќата, и третото за бериќет и среќа.

На Велики Петок е строгиот пост. На велика Сабота навечер се оди во црква и некаде кај 00:00 часот се кружи околу црквата, а пак по 00:00 часот се ‘кршиме’ со јајца.

Во неделата се мрси бидејќи на тој ден Исус воскреснува.

Кога станува збор за обичајот кој го одбележува овој ден на кој многумина му се радуваат, како оние кои се повеќе по традиционалното вапсување, така и оние кои секогаш изнаоѓаат нови и креативни начини.

Скоро и да нема идеја која не сме ја испробале кога станува збор за украсување на велигденските јајца. Но, за среќа љубителите и уживателите во украсувањето, секогаш се подготвени да испробаат нови методи на фарбање и експериментирање.

Предлог неколку идеи за овогодинешните велигденски јајца:

  1. Јајца како ,,школска табла” –офарбани јајца со фарба за табла на која може да се шара со креда.

2. Омбре јајца едноставни за правење само држете ги во истата вода со боја, но во различно време, од 1 минута до 10 минути. Убаво и едноставно.

3. Точките се секогаш во мода. Оваа нежна варијанта е направена со точки од самолеплива хартија.

4. Гумички и траки – украсете ги јајцата со еластични гумички или траки.

5. Чипкасти јајца – ова е одлична идејa, на офарбаните јајца прилепете некоја нежна тенка чипка.

Уживајте во украсувањето на велигденските јајца.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот