Погледнете одблизу во Загреб – најдобрата Божиќна дестинација

0

Уште одамна, една од најчуваните хрватски тајни била дека главниот град Загреб има едно од најдобрите Божиќни настани во Европа. Сега сите со сигурност можеме да го потврдиме тоа, бидејќи Загреб повторно беше прогласен за најдобро украсен Божиќен град во Европа и оваа година во онлајн гласањето на порталот European Best Destinations.

Загреб, трет пат по ред е прогласен за најдобра Божиќна дестинација.

Во изборот учествувале повеќе од 200.516 лица од 131 земја од светот, а глас за Загреб дале и тројца гласачи од Африка. Според останатите гласови, Загреб бил на прво место изгласан од страна на Америка, Канада, Русија, Грција и Австралија.

Мора да признаеме дека Загреб изгледа како вистинска Божиќна бајка, засенувајќи ги градовите како Колмар, Виена, Стразбург, Прага.

Божиќниот саем во Загреб има програм полн со настани, концерти и специјалитети. Замислете трепкави светла, шарени украси, декорирани и вкусни оброци, топли пијалаци и сите останати нешта кои се дел од Божиќната магија – сето ова ќе го пронајдете таму.

Дел од препорачаните локации кои посетителите треба да ги посетат се плоштадот Јосип Јелачиц, Европскиот плоштад, паркот Зрињевач и лизгалиштето на плоштадот Крал Томислав.

Во прилог погледнете ја празничната атмосфера на три од наведените локации…

1. Лизгалиштето на плоштадот Крал Томислав

2. Европски плоштад

3. Паркот Зрињевач

 

Загреб е единствен град кој ја освојува оваа титула три години по ред.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот