Погледнете како изгледа гардероберот на Синди Крафорд

0

Кога ќе ви се даде шанса да фрлите поглед во гардероберот на една моќна и преубава жена како што е Синди Крафорд, чија кариера трае веќе 34 години, и е синоним за убавина, стил и ги диктира модните трендови, тогаш не треба да губите време, туку треба да се фатите за фотоапаратот и да го сликнете секое парче и секоја ситница која ќе ја видите.

Гардероберот на Крафорд крие некои навистина извонредни парчиња гардероба-Jimmy Choo, Ralph Lauren, Altuzarra, Dior, Burberry, Gianvitto Rossi, и Fendi се само некои од познатите креаторски парчиња кои “живеат“ во нејзиниот ормар.

Тука има полици со гардероба, чевли, накит и дизајнерски парчиња, кои таа ги чува за нејзината ќерка. Парчињата кои оддават калифорниски бохо стил, во ормарот на супермоделот се мешаат со правите дизајнерски бисери, но на крајот на денот Крафорд, најмногу сака да биде во обичен пар фармерки.

На својот 50-ти роденден, Синди ја издаде својата книга Becoming Cindy која содржи 50 легендарни фотографии, настанати во текот на нејзината богата интернационална кариера, пропратени со есеи во кои таа дели животни лекции кои ги научила на својот пат.

синди

синди 2

синди 3

синди 4

синди 5

синди 6

синди 7

синди 8

синди 9

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.