Погледнете го светот низ очите на лице со аутизам

0

Емотивното видео кое ќе го проследите низ солзи заради реалната вистина или барем вистината која е приближно доловена преку видео снимка која нема да ве остави рамнодушни. Гледајте го внимателно, пуштете глас на истото и доживејте го светот на оваа девојка за кратко. Тажната вистина ќе допре до секој од вас.

Carly Fleischmann е 17-сет годишна девојка која боледува од аутизам, болест која и оневозможува да зборува и да комуницира со околината . Откако и била дијагностицирана состојбата на возраст од две години, Карли напорно работела со текот на годините да пронајде терапија која ќе и помогне да напредува.

Со многу труд, ова девојче научило да ги составува буквите и нејзиниот глас некако го пронашол патот да излезе и да биде слушнат. Иако се уште се бори со опсесивно-компулсивно пореметување, Карли типка со еден прст и на тој начин на светот му кажува што мисли. Нејзиниот IQ е над 120, а со помош на татко и ја напишала книгата “Гласот на Карли” кој дава единствен увид за светот на луѓето кои боледуваат од аутизам.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.