Погледнете го последниот трејлер за „Убавицата и ѕверот“

0

Доколку сте од оние со див дух и желни за мистериозни авантури, тогаш сигурно ќе бидете љубител и на најновиот римејк на безвременската Дизни бајка „Убавицата и Ѕверот“.

Премиерата е веќе закажана за 17-ти март, а од кратките трејлери можете да ја воочите и автентичноста на ликовите со оригиналната цртана верзија од 1991 година.

Во најновото остварување на Бил Кондон главната улога ја толкува Ема Вотсон како Бела, додека пак „ѕверот“ е Ден Стивенс. Во останатите улоги ќе ги видиме и Иан Мекелен, Ема Томпсон, Лук Еванс, Кевин Клајн, Џош Гад, Иан Мегрегор, Стенли Тучи…

Музиката во филмот, исто така инспирира. Деновиве беше објавена и насловната тема за филмот, истоимената Beauty and the Beast, која што овој пат ја пеат Аријана Гранде и Џон Леџенд. Претходната верзија, за саундтрекот на цртаниот филм од 1991 година ја изведоа Селин Дион и Пибо Брајсон.

До 17 март, сепак уживајте во воведот во филмот, она што ќе биде последен официјален трејлер.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот