Поглед во приватниот свет на Курт Кобејн

0

Личните работи на еден поединец говорат многу за него. Содржината на неговата торба, ормарот во бањата, или спомените кои се кријат во витрината ни ја отвораат вратата во неговиот свет, а уште ако се работи за светот на Курт Кобејн, тогаш можете да бидете сигурни дека ќе ве дочека една шаренолика колкеција на предмети. Исшарани старки, купишта касети, делови од гитара, бројни бележници и дневници полни со имиња, мисли и песни кои ги запишувал, сето тоа говори за некои минати времиња во кои овој уметник стварал и работел. На некој начин, личните предмети на Кобејн претставуваат своевидна временска капсула, кој сведочи за постоењето на една цела генерација, чиј бунт веќе не постои.
Добро, овде е ставен фокусот на само еден претставник, но сите ќе се сложите дека се работи за најрепрезентабилниот претставник на таа генерација.

Галеријата “KM Fine Arts“ во Лос Анџелес, ќе ви ја отвори вратата во комплицираниот свет на Курт Кобејн. Автор на овие фотографии е Џеф Мур, кој на располагање имал само еден ден да ги овековечи овие предмети во сопственост на покојниот Кобејн.

kobejn 3

kobejn 4

kobejn 5

kobejn 7

kobejn

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот