Поетско читање на Никола Маџиров во Охајо

0

Поетот Никола Маџиров денеска  ќе чита стихови на „Кент Стејт Јуниверзити” во Охајо, САД, заедно со американскиот поет-лауреат Чарлс Симик, во рамки на серијата поетски читања посветени на поетите-лауреати на САД.
Настанот вклучува тркалезна маса на тема „Поезијата како глобален дијалог”, како и вечерно поетско читање.

Во рамките на најголемиот годишен книжевен настан во САД, „Конференцијата на писатели и програми за пишување” која годинава се одржа во Лос Анџелес од 31 март до 2 април, Никола Маџиров настапи заедно со Ли-Јанг Ли и останати американски поети пред преполната хала на Конгресниот центар.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот