Подобро се вежба во добро друштво и пред огледало

0

Луѓето имаат различен праг на толеранција на болка, а се нивото на ендорфин се зголемува за двапати додека вежбаат во добро друштво – покажала студијата на Универзитет на Оксфорд. Исто така и гледањето во огледало во текот на вежбањето влијае позитивно на целиот процес. Ако трчате на лента и се гледате во огледало пред вас, полесно ќе ви биде да држите темпо, а ќе потрошите помалку ментална енергија и ќе чувствувате дека секој следен чекор ви е полесен. За ова сведочи уште една студија објавена во магазинот  “Medicine & Science in Sports & Exercise”.

Додека шетате, трчате или возите велосипед, гледајте само напред, така полесно ќе стигнете до целта и нема да почувствувате никаква тежина. Истражувачите откриле дека 28 % од луѓето кои гледаат само напред побрзо ја постигнуваат целта, а нивното чекорење е за 23 % побрзо отколку на тие кои гледаат на страна и имаат одвлечено влијание.

Вежбањето ќе биде помалку болно и напорно ако постојано викате “Ова е тешко”. Уште една работа која може да ви помогне во вежбањето е кофеинот. Истражување објавено во магазинот “Appetite”, покажало дека велосипедистите кои пиеле кафе еден час пред возењето, полесно го доживеале тренингот, т.е. не им бил воопшто напорен.

Значи, во одлично друштво и пред огледало дефинтивно вашите резултати при вежбањето ќе се подобрат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот