Подобрете го вашиот имунитет

0

Досега ве информиравме што да конзумирате како превенција од настинка, а сега ви ги претставуваме основните три состојки кои ќе го подобрат вашиот имунитет во текот на студените денови.
Во преодните периоди од годината телото е изложено на настинки и болести. Променливите температури се причина повеќе да го чувате вашето здравје и да го зајакнете имунитетот.
Оваа есен ве потсеќаме на трите природни чувари на имунитетот кај луѓето.

Ѓумбир

Освен што помага за брзо варање на храната ѓумбирот одлично влијае и на проблеми со метаболизмот или пак труднички мачнини. Го заштитува телото од настинки и различни болести. Секое утро подгответе си чаша со топла вода, изрендајте ѓумбир, една лажица мед, и додајте лимон.

ap_05_09_2013_46029855_l1-1024x680

 

Лук
Лукот уште во минатото претставувал лек за многу болести. Освен што го подобрува имунитетот и го штити телото од настинки тој го намалува холестеролот и има антибактериски својства.
Ако во текот на денот сте постојано во движење може пред спиење да исецкате на печено лепче или пак да го конзумирате како намаз.

maxresdefault
Чили-луто
Луто зачинетата храна го забрзува метаболизмот и го подобрува дигестивниот систем. Помага во намалување на шеќерот во крвта и бактерии како салмонела.

Прекумерната количина на луто зачинетата храна (феферонки и сл), се смета за афродизијак. Но, исто така прекумерното конзумирање може да ја оштети слузницата.

218_1chili_peppers_1