Подгответе вкусни крекери со лелено семе

0
coolinarika.com/klub/DajanaD

Освен што имаат одличен вкус овие крекери се богати со омега 3 масни киселини, ленено семе и сите богати состојки кои ги содржи Елико Олива Гарден маслиновото масло.

Што ви е потребно за подготовка на овие вкусни крекери:

120г бело пченично брашно

40г интегрално пченично брашно

40г интегрално ‘ржано брашно

10г ленено семе

150 мл вода

1 кафена лажица мак во зрна

1 кафена лажица сол

5 лажици Елико Олива Гарден маслиново масло

Подготовка:

Ставете го лененото семе во 150 мл вода, 5 минути од почетокот на вриење, на тивок оган. Потоа, оставете ја смесата да се олади.

Трите видови на брашно, солта, макот и маслиновото масло додајте ги во еден сад. Додадете ја смесата од ленено семе и матете се додека не добиете соединета смеса.
Ако смесата ви се чини пресува додадете малку вода и повторно промешајте.

Оставете го тестото да отстои во собна температура 15 до 20 минути, а потоа на чиста површина попрскајте малку брашно и сукајте го тестотото. Колку потенка ќе биде смесата толку покрцкави ќе бидат вашите крекери.
Исечете ги во правоаголна форма и поставете ги во плех за печење претходно обложен со хартија за печење.

Направете мали отвори со вилушка на самата површина на крекерите и печете ги 10 до 15 минути во загреана рерна на 200 степени.

Послужете ги крекерите посебно, како вкусни и здрави грицки или со прилог на некои вкусни сосови по ваш избор.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.