Подгответе сладок леб

0

Ако имате малку слободно време, замесете го овој сладок леб.

Состојки:

1 јајце
140 гр кафеав шеќер
50 гр путер
230 гр пире од печена тиква
250 гр брашно
2 лажички пециво
1 лажичка сода бикарбона
прстофат сол
1 лажичка цимет
1/2 лажичка мускатно оревче
60 гр брусница
60 гр бадеми

Подготовка

Со рачна маталка ги соединуваме растопениот путер, изладеното пире од тиква, шеќерот и јајцето. Сувите состојки ги соединуваме заедно со сечканата брусница и сечканите бадеми. Сувите состојки ги додаваме на 3-4 пати во течните состојки со мешање со лажица. Убаво ги соединуваме и смесата ја истураме во намрсен и набрашнет калап. Печеме на 180 степени околу 1 час. Го вадиме од калапот и откако ќе се излади го наросуваме со шеќер во прав.

Забелешка

Внимавајте при печењето да не ви остане лебот жив внатре. Сечеме дури откако ќе се излади.

Рецептот е преземен од moirecepti.mk

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.