Подгответе се за есенските модни трендови

0

За кратко време ќе ни дојдат тмурните есенски денови… Нема веќе летни фустанчиња и кратки шорцеви.

Есента, секогаш е сезона на елегантни трендови, совршена за жените кои сакаат да бидат модерни, шармантни и дами во секоја смисла на зборот.

Кои ќе бидат трендовите што ќе ја одбележат оваа есен?

Розова боја

Заборавете на есенските бои како сивата, бордото или темно зелената! Дизајнерите советуваат да ги преплавите вашите плакари со светло розова боја. Од капути, чевли, шапки па сè долната облека – оваа есен ќе биде розова.

fotka-1-600x400

Плишани чевли

Плишот ќе го има приматот оваа есен кога станува збор за материјалите. Ако мора да одберете само еден пар чевли или чизми кои би ги носеле оваа сезона – тие нека бидат плишани.

2016 CFDA Fashion Awards - Arrivals

Чанти со крзно

Тие се толку шик и совршени за збогатување на која било модна комбинација – од оние секојдневните, па се до вечерните и гламурозни….

<> on January 21, 2015 in Paris, France.

 

Само едно голо рамо

Ако летото тренди беа блузите со голи раменици, есента ќе ја одбележат блузи со еден ракав. Кажете им добредојде на асиметричните блузи, маици и фустани.

fotka-3

Гламурот од времето на нашите баби се враќа…

Се сеќавате на оние гламурозни детали од времето на вашата баба како крзнен шал, шубара, пелерини и долги бунди? Сите тие оваа есен се враќаат на голема врата и ќе бидат голем моден хит за самоуверените и шик дами.

fotkica

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар