Подари ми вселена

0

Подароците секогаш се прекрасни. Знаеш, кога ќе размислам, ми се ближи роденденот. За роденденот сакам малку невообичаен подарок. Сакам да ми подариш цела една вселена. Нацртај ми ѕвезди. Со обичен спреј. Нека бидат во сите бои.

Подари ми вселена, ќе биде само моја. Заедно ќе замислуваме желби. Лудо ќе се сакаме.

Подари ми вселена, ќе ја украсам со насмевки. Ќе ја накитам со страст.

Ќе биде совршена. Јас и Ти. И цела една вселена, само наша и на никој друг.

vselena (2)

Ќе докажам дека постои живот во вселената. Ќе докажам дека таму можеш да направиш жешко црно кафе, да пееш додека пеглаш и да испечиш кифлички.

Ќе го променам концептот за вселената. Ќе смислам стратегија. Ќе го убедам светот дека мојата вселена е уникатна. И ќе биде. Како тебе.

Таа вселена ќе биде најубавото место на кое би можела да живеам и да љубам како никој пред мене, како никој после мене.

vselena

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот