Почнувате заеднички живот пред брак… дали е ова добра идеја?

0

Сè повеќе двојки решаваат да живеат заедно пред да стапат во брак. Тоа само по себе не ни добро, ни лошо, ама е корисно, пред сè затоа што ќе научите нови работи за својот партнер што претходно не сте ги знаеле. И не е важно дали ќе имате позитивно или негативно искуство – важно е што ќе дознаете дали навистина можете да го поминете остатокот од животот со некого, бидејќи врската и бракот се две сосема различни работи.

Мажите и жените го гледаат со поинакви очи заедничкиот живот. За жените тој е еден чекор пред бракот, а за многу мажи тој е само удобност, но не и причина да се стапи во брак. Постојат двојки на кои бракот и не им е многу важен и го сметаат за парче хартија, па сметаат дека заедничкото живеење е доволен доказ на нивната љубов и предаденост еден на друг. За некои заедничкиот живот е поволност, посебно што ги делат трошоците за сè, ама притоа не чувствуваат некоја голема обврска кон другиот во врската. Во овој случај, заради недоволна сериозност на еден од двајцата партнери, врската „пука“.

couples-living-together

Едно скорешно испитување покажало дека луѓето што живееле заедно пред бракот се разведуваат почесто од оние што почнале заеднички живот по венчавката. Како тоа? Факт е дека многу од луѓето влегуваат во заеднички живот со помислата „ако не успее, секој ќе тргне на своја страна“, па со истата идеја живеат и по стапувањето во брак. Дури и оние кои сериозно го сфаќаат она „додека смртта не нè раздели“, го менуваат мислењето по заедничкиот живот со некого.

Дали ова значи дека не смеете да живеете заедно ако не сакате да ви потрае бракот? Не. Само, корисно е ако пред заедничкиот живот разговарате со саканата личност и расчистите што значи заедничкиот живот за секој од вас, а потоа, откако ќе знаете на што сте, уште еднаш да размислите дали заедничкото живеење пред брак е добра идеја.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.