Почнете ја пролетта со свежина со новите производи на Clinique

0

Вчера, 06.04 во просториите на Хотелот Опера Хаус во Скопје, се одржа промотивен настан по повод новите пролетни производи од брендот Clinique.

Под стручно водство на Глорија Мапилеле Тодоровиќ од Хрватска, ексклузивен едукатор за козметиката Clinique на Балканот, присутните имаа можност преку презентација и демонстрација да се запознаат со новитетите и позитивните придобивки од нивно користење.

Пролетно, освежително, забавно и со многу бои! Таков беше нашиот впечаток за оваа наша дружба која започна веднаш со интерактивни објави на фoтографии од новите производи од Clinique, кои може да ги погледнете на инстаграм под хаштази: #clinique; #pressevent; #mybiy; #freshpressed;  #moisturesurge  #chubbystick .

Clinique прв на пазарот со лансира производи со витамин Ц

Акцентот на овој настан беше ставен на свежината и здравата навика за одржување на кожата која ја овозможуваат новите производи од Clinique богати со витамин Ц и со природни состојки, кои не се од животинско потекло и не се тестирани на животни.

,,Свежината е во мода!”

,,Pow! Подмладување за нетрпеливи” – затоа е создаден системот Clinique freshed pressed, богат со витамин Ц –кој е моќна anti-aging состојка, кој ја враќа свежината и ја измазнува текстурата на самата кожа. Составен од два производи: обновувачки Renewing Powder Cleanser со чист витамин Ц и Daily Booster со чист витамин Ц. Идеална линија од производи за сите оние кои бараат брз процес на подмладувње –свежина, блескавост и измазнета кожа.

,,Нешто е во водата” Moisture surge hydrating supercharged concentrate линија која овозможува хидратација на многу зрела кожа, иновативна текстура – за секого по нешто; повеќе наменско користење за подобрување на секојдневниот живот на кожата.

,,Прекривање какво што сакаш” blend it yourself пигментни капки. Со еднставна употреба претворете ја вашата крема во BB, CC или пудра. Една капка безброј можности.

,,Целосен сјај” Chubby stick plump & shine со нова блескава и сјајна верзија за зголемување на усните.

,,Прилагодена маскара”– Lash power flutter to full маскара, прва прилагодена маскара во светот. Па дами во зависност од вашите потреби иновативното пакување со стегање и опуштање на,,грлото’’ на маскарата ви овозможува отпуштање на повеќе или помалку текстура на четката. За природен волумен, дефиниран дневен изглед, интензивен волумен.

,,Супербалансирано” со новата Superbalanced Silk Makeup SPF 15, лесна, долготрајна, овозможува лесно до умерено прекривање совршена за сите оние кои сакаат природен изглед.

,,Сакајте ја својата кожа” лето со Clinique – Clinique Sun ја штити кожата од штетните UV зраци и атмосферски оштетувања, за сите типови кожа.

Најважно од сè  да ја започнете ја пролета со свежина!

А ние со радост го чекаме новото дружење со Clinique.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.