Почина Стивен Хокинг

0

Еден од најдобрите и најпочитувани научници на сите времиња, Стивен Хокин почина утрово во неговиот дом во Кембриџ.

Во официјалното соопштение до јавноста кое го напиша неговот семејство пишува:

Длабоко сме тажни шт нашиот сакан татко денес почина. Тој беше голем научник и извонреден човек, чија работа и наследство ќе живеат многу години. Неговата храброст и упорност со неговата брилијантност и хумор ги инспирираа луѓето низ целиот свет. Тој еднаш рече: ‘Ова и немаше да биде некој универзум ако не беше дом на луѓето што ги сакате’. Ќе ни недостига засекогаш.“

Тој беше аанглиски теориски физичар и космолог чии научни книги и јавни појавувања го направија академски позната личност. Беше почесен пријател на кралското друштво на уметности,[доживотен член на пaпската академија на науките. Во 2009 година беше награден со претседателски медал на слободата, највисоката цивилна награда во САД.

Хокинг 30 години бил професор на математичката катедра во Кембричкиот универзитет, преземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври, 2009година.

Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација. Исто така, тој се здобил со успеси за неговата работа во полето на популарната наука во која тој генерално дискутира за неговите теории и космологијата.

Во клучните научни трудови на Хокинг се вклучени обезбедувањето, со Роџер Пенрос, теореми во врска со гравитациските сингуларности во рамките на општата релативност и теориското предвидување дека црните дупки емитуваат радијација, што денес е познато како Хокингова радијација.

Стивен Хокинг боледуваше од лателарна амиотропкса склероза што е поврзано со амиотрофична латерална склероза, состојба која се развила со текот на годините и го направила скоро целосно парализиран.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.