Почина Ацо Јовановски

0

Синоќа во Скопје на 85-годишна возраст почина актерот Ацо Јовановски. Тој целиот свој работен век го помина во Драмскиот театар од Скопје, има одиграно голем број врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави, а има остварено околу 40 филмски улоги.

Ацо Јовановски е роден на 31 декември 1930 во Скопје. Тој е од првата генерација на дипломирани актери, а во текот на неговата богата кариера работеше во театар, на филм и телевизија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.